Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го повтори официјалниот став дека со Србија нема да има друго решение освен взаемно признавање во сегашните граници на Косово.

Османи на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега, порача дека ЕУ треба јасно да ѝ каже на Србија оти не може да игра на две карти и да ја појасни својата позиција.

Таа го повика српскиот претседател Александар Вучиќ барем да положи еден цвет во Батајница во чест на стотиците албански деца и цивили убиени за време на војната во Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, претходно истакна дека на Србија не ѝ треба замрзнат конфликт со Косово. Претставувајќи го извештајот за дијалогот со Косово пред Собранието на Србија, Вучиќ порача дека Србите на Косово сакаат преговорите да се одржат, со цел да се постигне компромисно решение во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.