Лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен бил чест гостин на Балканот во деведесеттие години. Тој во 1994 година бил во Сараево и во Тирана. Посетата на Бин Ладен на Сараево случајно ја октрила новинарката на германскиот весник „Шпигл“ Ренате Флотау која чекала интервју со тогашниот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ и налетала на Ладен.

Тој и дали дури и визитка и кажал дека има намера во Босна да донесе муслимански доброволци.

Амбасадата на Босна и Херцеговина во Виена дури и му дала пасош на Ладен таа година но по терористичките напади  на 11 септември во Њујорк целата документација е уништена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.