Владо Драганиќ од групата на Веља Неволја, инаку сопственик на куќата во Рипотек во која се случувале најстрашните злосторства на криминалната организација, на сослушувањето во Обвинителството се бранел со молчење, дознава „Блиц“. Според информациите на весникот, Драганиќ планирал да ја изнесе својата одбрана дури откако во кривичната пријава ќе му бидат презентирани сите докази кои полицијата ги има против него.

Во злогласната викендица, во која се случувале страшни злосторства, полицијата пронашла „конкретни материјални докази и ДНК примероци, кои треба да послужат во истрагата која се води против организираната криминална група предводена од Вељко Беливук и Марко Милјковиќ. Пронајден бил и сеф со десетина илјади евра.

Посебно внимание привлекоа и големиот број на клучеви во сефот, за кои сè уште не се знае што отклучуваат, но сигурно е нешто битно, вели изворот за „Блиц“.

Се претпоставува дека тоа се клучеви од слични викендици, како оваа на Драганиќ.

Пронајдено е и оружје, специјални цевки за снајпер и пиштол, а најверојатно во оваа викендичка се убиени тројца мажи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.