Шокантната снимка на која се гледа како медицински сестри и помошен персонал играат оро и пејат заедно со свирачите во болница ја разбесни хрватската јавност. Видеото беше објавено на националната РТЛ, каде беше објавено и дека славјето се случувало во Клиничката болница „Дубрава“ во Загреб, која функционира како главен ковид-центар во градот.

Според изворите на „Јутарњи лист“, забавата се случила пред десетина дена, по повод пензионирањето на една од медицинските сестри. Орото се вртело во одделот за прием на инти случаи.

Покрај јавноста, остри осуди за настанот пристигнаа и од колегите од болницата.

Во вакви ситуации ми е срам што сум медицинска сестра. Во 20 години стаж не сум доживеала вако нешто. Непочитување на епидемиолошките мерки, реки алкохол, тамбураши, песна и оро. И сè тоа во болница и во режија на вработените. Не знам кој дозволи бенд во болницата, ниту дали некој знаел, но очекувам санкции за сите вклучени, Со ова се фрли грда сенка врз сите останати работници и целата болница, напиша во јавно писмо медицинска сестра од друг оддел на болницата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.