Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и натаму смета дека Ласло Трочањи е најдобар кандидат за европски комесар за проширување. Откако вчера Комитетот за правни работи на ЕП ја отфрли кандидатурата на Трочани поради конфликт на интереси, Орбан, кој го предложи за функцијата, рече дека во неговиот џеб има “неколку решенија“.

Уверен сум дека Трочањи е најдобар кандидат за член на ЕК. Неговиот грев е тоа што ѝ помогна на владата и мене, да ја заштитиме Унгарија од мигрантите – изјавил Орбан за локално радио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.