Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше денеска Европската народна партија (ЕПП), која Фидес неодамна ја напушти, дека се занимава со внатрешни игри додека остатокот на Европа се бори против пандемијата на коронавирусот.

– Додека ние во Унгарија и другите лидери во нивните земји буквално се бориме на живот и смрт со коронавирусот, ЕПП води игри за надмоќ во бирократскиот меур во Брисел, истакна Орбан во писменото обраќање.

Тој додаде дека тоа е „неприфатливо“ и дека пратениците на Фидес ја напуштиле парламентарната група на ЕПП, одбивајќи да прифатат дека „правата на членовите на ЕПП ќе бидат ограничени со амандман на статутот на Групата“.

Орбан нагласи дека излезот на Фидес од групата на ЕПП отворил нова перспектива во европската политика.

Унгарскиот премиер изјави дека Унгарците сакале ЕПП да се врати на старата позиција како водечка интелектуална и политичка сила во Европа, но таа можност е изгубена вчера бидејќи, според него, ЕПП станала „анекс на европската левица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.