Комисијата за здравство во бугарскиот Парламент следната недела ќе го разгледа предлогот на опозициската Социјалистичка партија (БСП) за почнување преговори за набавка на руската вакцина против Ковид-19.

Ваквата најава ја даде пратеникот на БСП, проф.др Георги Михаилов, по брањето на БСП испратено до бугарската Влада да почне преговори со Русија за набавка на вакцината „Спутник“.

Владејачката партија ГЕРБ ја обвини опозициската БСП за некомпетентност, лобирање и саботажа.

И „Астра Зенека“ и „Фајзер“ објаснија дека производството на вакцината е сложен процес. Овој предлог беше сосема реален. Како член на парламентарната Комисија за здравство, добив меил дека Комисијата по овој повод ќе се состане во четврток. Предлогот е реален и ќе биде разгледан во Парламентот – најави опозицискиот пратеник. 

Михаилов истакна дека Србија, каде што се спроведува имунизација со руската вакцина, е на второ место во Европа по бројот на вакцинирани на 100 жители. За споредба, како што посочи, Бугарија е на претпоследното место.

Во услови на вонредно законодавство, секоја земја може да склучи договор за набавка на вакцини со трета земја. Кога станува збор за здравјето на луѓето, нема противници, квалитетот на руската вакцина се оценува од престижни публикации – изјави Михаилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.