Љубовта на Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ се родила уште во нивните гимназиски денови и траела до самиот крај, но изгледа не било се така идилично и дека таа била неверна.

За Мира и Слоба сите со децении верувале дека безрезервно се сакале и тоа до таа мера што нивната љубов завлегувала во домен на патологија, па заслугите за целосниот хаос во деведесттите  неретко се припишувал токму на Мира.

Сепак кон крај на деведесеттите се појавиле и шпекулации дека Мира има љубовник!

И тоа дека во прашање е нејзиниот долгогодишен соработник и партиски колега, Зоран Тодоровиќ, нарекуван Кундак. Опасен моќен, црн и маркантен, бил целосна спротивност, што по изгледот, што по карактерот од нејзиниот Слоба.

Зоран Тодоровиќ, најдобриот пријател на Мира, убиен е 1997 година пред згрдата на Беопетрол.

Убиството се случило во времето кога Мира, поради промоција на книга била во Индија. Таа му пратила и проштално писмо кое било прочитано на погребот на Кундак.

Драг Зоране, никогаш не сум била подалеку од тебе и никогаш не сум ти била поблиска. Од југот на Индија, од Мадрас, не сум во состојба денеска да дојдам во Белград и да се поздравам со тебе последен пат, јас која полни 15 години бев твоја најдобра другарка. Но ти праќам порака преку овие планини и мориња, јас од тебе никогаш нема да се разделам – пишувало во писмото на Мира, потпишано со Твоја Мира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.