Новиот сој на корона вирусот, омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација, која првпат ја објави „Јутарњи лист“ во петокот, ја потврдија и во Институтот Руѓер Бошковиќ преку кусо соопштение. Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице од Јужноафриканската Република.

Првите случаи на заразени со сојот омикрон коронавирус се регистрирани и во Црна Гора.
Заразено е семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

-Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми – се вели во соопштението од институтот.

Едно лице заразено со новиот вид на коронавирусот пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември, а на летот за Франкфурт бил во авион со лице со потврден омикрон сој, соопшти институтот, додавајќи дека црногорскиот државјанин не бил вакциниран.
Во Црна Гора од последиците на корона вирусот починале вкупно 2.324 лица, а се заразиле 158.283 лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.