Турција уште еднаш се обидува да се вмеша во внатрешните прашања на друга земја, прекршувајќи ги основните правила на меѓународно однесување, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на ставот од турското МНР во врска со муслиманското малцинство во Грција и додаваат дека „не прифаќаат опомени од трети земји“.

Во соопштението се додава дека Грција, за разлика од Турција, го почитува меѓународното право и целосно ги спроведува своите меѓународни обврски кои произлегуваат од меѓународните договори, како што е Договорот од Лозана.

Не прифаќаме опомени од трети земји, како што е Турција, а особено кога се однесуваат на грчки граѓани – соопштија од грчкото МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.