Словенечкиот Парламент го одби барањето на владејачката десничарска партија СДС конечно да се прифати декларацијата на Европскиот Парламент од 2009 година, со која се осудуваа сите злосторства на тоталитарните режими во Европа.

Според СДС, крајно време е Словенија да се приклучи на европските држави и да ги осуди злосторствата на комунистичкиот режим во поранешна Југославија, и општо, злосторствата на комунизмот во Европа и низ светот.  Но предлогот пропадна кога 45 членови – точно половина од Парламентот – гласаа против.

Парламентот на Словенија е тесно поделен меѓу десниот блок и голем број левичарски партии, и сличен ваков обид пропадна во 2019 година. Декларацијата инаку беше прифатена во Европскиот Парламент со огромно мнозинство од 553 гласа за наспроти само 44 против.

Очигледно имаме длабоко вкоренети тоталитарни структури кои се уште опстојуваат во Словенија. Нивното разбирање на правото и правдата е помрачено од одбивањето да се прифати историската вистина за тоталитарните режими – односно, во случајот на Словенија, за комунизмот, пишува неделникот „Демокрација“ за овој најнов неуспех во обидот да се осуди тоталитаризмот во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.