Границите на Хрватска од утрово се отворени, а според таа одлука, на хрватските граѓани им е дозволено да доаѓаат, односно да заминуваат во странство, почитувајќи ги општите и посебните препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Кризниот штаб појасни дека граѓаните на земјите-членки на ЕУ и членовите на нивните семејства, како и граѓани на трети земји со долгорочен престој, имаат право да влезат во Хрватска кога имаат деловни причини или економски интереси, пренесува порталот Индекс.

Право на влез во Хрватска имаат и лицата со право на престој врз основа на други директиви на ЕУ или националното право. Меѓу исклучоците на кои е дозволен влез во земјата се и оние кои патуваат поради неодложни лични причини.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека засега не размислува за воведување тестирања на границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.