Црногорскиот Закон за ограничувања на употребата на производи од тутун, според кој ќе се забрани пушење во затворен простор, влегува во сила во среда, и секој што ќе ги прекрши одредбите на законот, ризикува да плати казна до 20.000 евра.

Законот, со кој се забранува употреба на производи од тутун во јавни затворени простории, освен во казина, беше одобрен едногласно во парламентот на 31 јули, пренесува РТЦГ.

Со донесувањето на новиот Закон за ограничување на употребата на производи од тутун, Законот за такси ќе престане да важи и веќе нема да може да се плаќаат такси за да се овозможи пушење во некој дел од објектот.

Новиот закон не дозволува пушење во која било просторија или област каде се консумира храна и пијалак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.