Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за државјаните на Србија, јавија српски Новости.

Оваа информација за Новости ја потврди министерот за туризам Расим Љајиќ.

Министерот истакна дека по одреденото време никој нема да може да влезе во Грција, но дека туристите кои се веќе таму ќе можат да останат до крајот на своите аранжмани.

Тој смета дека причина за таа одлука е големиот број заразени со коронавирус во Србија.

Претходно во текот на денот се појави веста дека грчкото Министерство за надворешни работи може да донесе одлука за затворање на границата за Србите, а решението потоа и официјално е донесено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.