Во земјите од Западен Балкан од среда ќе започне да се применува следниот чекор во намалувањето на цените на роаминг услугите во кои ќе бидат намалени дополнителните давачки за услугите за дојдовни повици од регионот и преносот на податоци, односно пристапот до интернет.

Дополнителниот надоместок за услугата на дојдовните повици ќе се намали од четири центи за минута на 2,5 центи, односно 37,5 отсто.

Овие цени на регулираните услуги за роаминг на мало ќе важат до 1 јули следната година, кога услугите за роаминг за корисниците во Западен Балкан ќе се наплатат како корисникот да е во својата домашна мрежа.

Договорот за намалување на цените на роаминг услугите во јавните мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западн Балкан е склучен во април минатата година во Белград помеѓу министерствата надлежни за областа електронски комуникации на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.