Бугарската вицепремиерка и координатор за подготовка на парламентарните избори на 4 април, Маријана Николова изјави за Бугарското национално радио дека машините за гласање ги чува жандармеријата, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа потврди дека нема нерегулиран пристап до магацинот каде што се чуваат машините.

– Квалитетот на машините не се одредува според тоа каде се чуваат – во приватен или државен магацин. Безбедноста е гарантирана. Неправилен пристап нема да биде дозволен, не треба да се грижите, истакна Николова.

Вицепремиерката објасни дека „предвидено е приходите на членовите на комисиите да се зголемат за 50 отсто“.

Николова изјави дека за спроведување на парламентарните избори во Бугарија е наменета сума од 65.251.000 лева (32.600.000 евра) која вклучува и дополнителни надоместоци. Таа додаде дека трошоците предвидени во буџетот на Централната изборна комисија за организациско-техничката подготовка на изборите изнесуваат 8.000.050 лева (4.000.025 евра) и тие се обезбедени.

Бугарската вицепремиерка истакна дека вакцинирањето на членовите на изборните комисија е во тек, за да имаат време да ги примат двете дози на вакцината против Ковид-19 пред гласањето на 4 април

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.