Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видео-состанокот на тема „Мал Шенген“, чија имплементација ќе започне на втори ноември. Она што е сигурно е дека оттогаш, граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест.

Имавме долг состанок со Рама и Заев и мислам дека беше важно да донесеме неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна до 10 ноември. Дотогаш сигурно ќе може да се оди во Албанија и во Македонија, или пак оттаму во Србија без ПРЦ-тест – рече Вучиќ.

Тој додаде дека во наредните денови министрите за здравство ќе формулираат договори како да си помагаат едни на други.

Да можеме да примаме пациенти од Скопје и Тирана и тие да можат да примаат наши луѓе кои се на нивна територија и како да ги регулираат трошоците  – вели српскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.