Повторно воведување на строги мерки низ целата земја најави предмалку претседателот на Србија Александар Вучиќ на денешната вонредна прес-конференција. Додаде дека ситуацијата во Србија, особено во Белград е критична, а за викенд повторно ќе биде воведен полициски час.

Денеска од почетокот на епидемијата е најтежок ден, имаме 13 починати. Во овој момент имаме повеќе од 120 луѓе на респиратор. Во Белград ситуацијата е алармантна. Од утре забрането е собирање на повеќе од пет луѓе, како на отворено, така и во затворени простории, а од петок полициски час, заклучно со понеделник, рече Вучиќ.

Апелираше до граѓаните да не бидат себични, затоа што е неопходно да се сочува здравствениот систем.

Непопуларни политички одлуки ќе донесуваме ние, болниците нѝ се преполни, вели тој и додава дека Војводина и понатаму е со најповолна ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.