Во последните 24 часа во Хрватска починале 70 пациенти заразени со корона вирусот.

Во истиот период забележани се и 2.233 нови случаи на Ковид-19, а во земјата активни се 15.323 случаи.

Меѓу нив 2.749 пациенти се на болничко лекување, од кои 292 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани вкупно 202.319 заразени, починале 3.464, а оздравеле 183.532 луѓе.

Вкупно се тестирани 982.850 лица, од кои 8.343 во последните 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.