Познатиот хрватски пејач, Жељко Лепец, кој три и пол недели се бореше со коронавирусот, ја изгуби битката, а неговата вдовица Звездана за медиумите открила низ какви маки поминала за време на борбата со опасниот вирус.

Се вративме од Австрија и Жељко доби висока температура. Инаку имаше астма и тогаш му се влоши дишењето. Брза помош го однесе во болница – рекла Звездана Лапец и додала дека Жељко веднаш бил ставен на респиратор.

Брзо уследија проблемите, прво доби сепса, а потоа болничка инфекција. Набрзо му откажаа бубрезите, поради што беше приклучен на дијализа, додала таа.

Ни во еден момент не можела да го посети и сите информации ги добивала од лекарите и сестрите. Низ солзи вели дека борбата на лекарите за животот на Жељко траела три и пол недели. Давале се од себе и сите верувале дека Жељко ќе се извлече.

Престанаа да му даваат седативи. Мислеа дека ќе се разбуди. Но не, едноставно заспа- рекла вдовицата на починатиот пејач.

Таа исто така рекла дека синот Доминик кој во Австрија работи како келнер, неодамна го посетиле, а веднаш по враќањето се појавиле симптомите. Заразено било целото семејство.

Мама, ќерката, јас…Сите бевме позитивни. Седум дена бев во болница и сите се извлековме, сега сите сме негативни. Синот е во самоизолација. Само Жељко не успеа да се извлече – раскажува неутешната Звездана.

Зборуваше дека има корона, дека чувствува како да го сече стакло во градите. Мислев дека се шегува со мене. Другиот ден не ми се јави. Тогаш веќе брзата помош дојде по него – рекол негов пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.