Eден од најпознатите српски епидемиолози, проф. др Бранислав Тиодоровиќ вели дека до крајот на мај ќе успееме да се избориме со новиот коронавирус, а од јуни ќе почнеме да се враќаме на нормалните животни текови. Сепак тој појаснува дека можеби со почетокот на есента, новиот коронавирус повторно да нападне, но нема да биде волку многу силен, како што е сега.

Никој не може да избегне нешто што е пандемија, нешто што се шири по цел свет. Тоа што ќе стигне во Европа не може да не заобиколи, па е многу логично да го имаме и тука. Пандемијата за сега ја нема само во Африка, односно има импортирани случаи, но нема масовно заболување. Секаде каде што е премногу топло, го нема вирусот. Тој има масен штит, кој на топло се топи и така се уништува, а најмногу го убиваат ултравиолетовите зраци. Се надеваме дека мај ќе биде топол месец, а најважни се ултравиолетовите зраци и УВ индексот да биде над 3. Така може да очекуваме дека во мај ќе дојде до нагло опаѓање на заболувањата и дека ќе влеземе во контролирано следње на епидемијата. Вирусот не ја трпи температурата под 0, но и онаа над 23 степени, вели професорот Тиодоровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.