Група од 175 лица, меѓу кои 85 деца бегалци без придружба и 90 семејства со деца, од грчките острови денеска заминуваат во Германија каде ќе се сретнат со семејствата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, како што соопштија од Министерството, вели дека денешното заминување на 175-те баратели на азил и нивното соединување со семејствата кои живеат во Германија, придонесува за „постепено, континуирано и суштинско намалување на бројот на лица кои престојуваат на островите“.

– Соработката со германската Влада носи конкретни резултати. Резултати од тесната и функционална соработка, рече Кумуцакос

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.