Во рамките на планот за постепено олабавување на мерките, од денеска, полицискиот час е скратен и наместо од 21, ќе почнува од 22 часот, а од следниот понеделник ќе биде за уште еден час пократок, јави дописничката на МИА од Атина.

Како за време на викендот, така и денеска продолжуваат контролите на полицијата на патарините на излез од големите градови, на меѓуградската автобуска станица и пристаништата во Атина со оглед на тоа дека сѐ уште постои забрана за движење меѓу региони, односно патување од еден во друг град, а Грците ќе треба оваа година Велигден да го поминат во нивните постојани места на живеење.

Полицискиот час ќе важи и за Велигден, кога Воскресението Христово, наместо на полноќ, ќе биде во 21 часот, а црквите и соборните храмови ќе работат под специјални здравствени протоколи, дозволено е едно лице на 25 метри квадранти во внатрешноста и едно лице на 10 метри квадратни, во надворешните делови.

За верниците е задолжителна употребата на две маски, додека пак за поповите, свештените лица и останатиот црковен персонал, денеска во Атина започна тестирање за Ковид-19 со брзи тестови.

Во недела, на Велигден, дозволен е собир на најмногу две семејства до девет лица, а доколку е во надворешен простор дозволени се 12 лица.

Од следниот понеделник, 3 мај заедно со отворањето на угостителските објекти ќе полицискиот час ќе биде од 23 часот, една седмица подоцна планирано е и отворање на основните и средните училишта, а 15 мај е терминот кога ќе се отвори туризмот и на Грците ќе се укине забраната за движење меѓу региони.

Грција веќе 170 дена е во карантин што беше воведен на 7 ноември 2020 година, а на почетокот на месецов почна постепеното укинување на мерките, но сепак, за граѓаните се уште е задолжително испраќање смс порака за секое движење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.