Од денеска во Црна Гора на сила е полициски час кој ќе трае од 22 до 5 часот наутро. Продавниците ќе работат од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.

Компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети, хипермаркети) ќе работат од 7 до 20 часот, а компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за чевли и облека, салони за убавина, фризерници) од 7 до 20 часот, предвидуваат новите мерки.

Забранет е и меѓуградскиот сообраќај од петок во 22 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Задолжително е правилно носење на маска и одржување физичко растојание во затворено и надвор.

Забранети се масовни / социјални собири, како и собири во станбени згради.

Исто така е забрането да се собираат во група повеќе од четири возрасни заедно на отворено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.