Укинувањето на задолжителниот ПЦР тест за сите што доаѓаат во Србија од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот, изјави денеска претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Чадез.

Регионот е наш заеднички дом. Затоа оваа одлука на министерот за здравство на Србија за укинување на задолжителниот ПЦР тест за сите што ќе дојдат кај нас од регионот е уште еден показател за подготвеноста да ги отстраниме бариерите меѓу нас – рече Чадез.

Во соопштението на ПКС се наведува дека тој додал дека оваа одлука секако ќе придонесе за уште подобро економско поврзување на нивните компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.