Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како што вети, денеска по пуштањето од болница, беше на своето работно место, иако во петокот значително му беше влошена здравствената состојба, поради што и беше примен на ВМА.

Како што пренесуваат извори блиски на српскиот шеф на државата, Вучиќ по препорака на лекарите денеска работел скратено и морал да ја зема терапијата која му е препишана поради проблеми со срцето.

Животот на првиот човек на Србија бил загрозен, а медицинските тимови ги спровеле сите неопходни мерки за санирање на сериозната состојба.

Советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ, изјавила дека Вучиќ за викендот практично два дена поминал на апарати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.