Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на територијата на целата земја од 23 мај ќе биде воведен четиридневен полициски час, за време на претстојниот празник Рамазан Бајрам.

Чекорот се презема како дел од мерките против Ковид-19, а Турција ќе ги отвори џамиите на 29 мај со петочната молитва.

Ердоган по состанокот на неговиот кабинет во претседателството одржа прес конференција на која истакна дека Турција поради Ковид-19 обезбеди финансиска помош за 5,5 милиони граѓани со ниски приходи, јави агенцијата Анадолија.

Тој додаде и дека училиштата оваа учебна година нема повеќе да отворат и оти новата училишна година во Турција ќе започне во септември.

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Турција во изминатите 24 часа се зголеми за 1.158 на вкупно 150.593, соопшти денеска турското Министерство за здравство. Турција е деветта во светот во однос на бројот на заразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.