Од 15 јули 2020 година, Грција ќе дозволи директни летови од Велика Бртианија кон сите грчки аеродроми, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соработка со британската Влада и по препорака од експертите, Владата соопштува продолжување на директните летови од Велика Британија кон сите аеродроми во земјата од 15 јули. За Шведска, ги следиме епидемиолошките податоци и во зависност од тоа како ќе се развиваат, ќе излземе со соопштенија, рече портпаролот на грчката Влада.

Велика Британија и Шведска беа меѓу земјите кои не се најдоа на листата на Грција за директно авионско поврзување од 1 јули.

Пецас објасни дека тие како Влада, го задржуваат правото да ја прилагодат нивната стратегија согласно епидемиолшката слика во земјите, односно или да го забрзаат отворањето, ако тоа го дозволуваат епидемиолшките податоци или да го забават.

Секогаш, првиот и главен критериум е заштита на јавното здравје и човечките живот. Од ова нема да направиме никаква отстапка, рече Пецас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.