Вучиќ на ТВ Пинк откри дека КФОР во својот одговор изјавил дека нема потреба од враќање на српските сили, откако во средината на декемри властите во Србија испратија барање до канцеларијата на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за враќање до 1 000 припадници на српската војска и полиција во Косово

КФОР го одби барањето на Србија за враќање на српските безбедносни сили во Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за ТВ Пинк.

Вучиќ кажа дека КФОР во својот одговор соопштил дека нема потреба од враќање на српските сили, откако во средината на декемри властите во Србија испратија барање до канцеларијата на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за враќање до 1 000 припадници на српската војска и полиција во Косово.

„КФОР ни одговори дека нема потреба нашите сили да се вратат на северот на Косово и Метохија, како што очекувавме, иако според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН тие немаат право да го отфрлат нашето барање бидејќи не се прашуваат за тоа“,

рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.