Обвинителството на Босна и Херцеговина веќе покренало предмети во случаи на негирање геноцид, врз основа на пријави од неколку граѓани.

Откако високиот претставник ја објави одлуката во петокот, во наредните денови веќе почнавме да добиваме пријави од неколку граѓани, така што некои предмети се веќе формирани – потврдува за Радио Слободна Европа (РСЕ) портпаролот на Обвинителството на БиХ,  Борис Грубешиќ.

Во Босна и Херцеговина од денеска е забрането негирање на геноцид и други воени злосторства, како и глорифицирање воени злосторници.

Измените на Кривичниот законик на БиХ, наметнати од Високиот претставник во заминување, Валентин Инцко, вчера беа официјално објавени во Службениот весник на БиХ.

За оние што ќе го прекршат Законот е предвидена затворска казна во траење од три месеци до пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.