Надлежната грчка обвинителка побара на лидерот на Златна зора и на шесттемина поранешни пратеници да им биде одредена затворска казна од 13 години.

Согласно Кривичниот закон, казните за формирање криминална организација се од пет до 15 години затвор.

За прогласените за виновни за учество во криминална организација обвинителката предложи пет години затвор (за оние за кои беа земени предвид олеснителните околности) и седум години затворска казна за останатите.

За убиецот на музичарот Павлос Фисас, обвинителката предложи доживотна затворска казна, додека, пак, за соучесиците осум години казна затвор.

Рочиштето продолжува со приговори од адвокатите на обвинетите, а подоцна во текот на денот, се очекува судијката да ги соопшти конечните казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.