Mинистерството за одбрана ги објави на својата веб-страница имињата на 46 лица загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија во вторникот наутро.

Во соопштението се вели дека списокот е потврден од албанската полиција.

Потрагата по евентуално затрупани лица е стопирана во населбата Туман, која беше најпогодена од земјотресот со јачина од 6,4 степени, а потрагата продолжува во Драч, каде 33-годишно лице беше извлечено живо од под урнатините на еден хотел, додека трае потрагата по уште едно лице кое се наоѓа исто така под урнатините на хотелот.

Состојбата на лицата кои што останаа без своите домови е влошена поради обилните дождови коишто ја зафатија Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.