Тело на засега непознат млад маж е пронајдено утрово во Дунав кај Ада Хуја во Белград, јави српската агенција „Танјуг“, повикувајќи се на српското МВР, а сомнежите се дека станува збор за исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит.

Телото е забележано утрово околу 9 часот и 20 минути во Дунав кај Ада Хуја, пренесе „Танјуг“, а истрагата е во тек.

Како што пишува „Блиц“, младиот човек чие тело е пронајдено, носел потполно иста маица како онаа што ја носел Матеј Периш ноќта кога исчезна.

На пронајденото тело, како што пишуваат, имало темна маица со слика на бел јагуар и жолт натпис кој се врти во круг, а пишува „Power Super Cleaner“.

Хрватски „Индекс“ пишува, пак, дека телото било пронајдено на осум километри од местото каде за последен пат бил виден Периш.

Српските медиуми резултатите од ДНК анализата ги најавуваат за утре.

Инаку, на телото бил пронајден и сребрен часовник на раката, додека во џебот од фармерките бил пронајден мобилен телефон, ексклузивно објави „Блиц“.

Младиот сплиќанец исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември.

Според сведоштвата, тогаш тој го напуштил клубот „Готик“ и оттогаш му се губи секоја трага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.