На социјалните мрежи се појави досега необјавена фотографија од Аркан со синовите Војин Ражнатовиќ, кој во раце го држи бебето Вељко.

Фотографијата е направена во 1997 година, а ја објави постариот син на Аркан на 21-годишнината од убиството на неговиот татко во белградскиот хотел „Интерконтинентал“.

Војин е едно од деветте деца на Жељко. Студирал глума и работел во клубови во Лос Анџелес, Лас Вегас и Палм Спрингс. Тој е оженет со Барбара Ванг и со неа ја има ќерката Миа.

По завршувањето на факултет, тој најпрво се вработил во компанија која поседува ланец хотели и казина во сопственост на дедото на познатата богаташка Парис Хилтон, а неодамна се пофалил дека станал дел од компанијата „Тесла“ на вториот најбогатиот човек на светот, Илон Маск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.