Информациите од полициската, а подоцна и од обвинителската истрага против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите членови на оваа криминална група, „валкан“ полициски инспектор ги наплаќал прво 500, а по апсењето на членовите на оваа група и по 5.000 евра. Според обвинението на Специјалното обвинителство, ова била сумата која поранешниот инспектор од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), Божидар Столиќ, ја земал од Беливук за да му каже какви докази полицијата против припадниците на кланот Беливук-Миљковиќ.

Информациите ги продавал од крајот на јануари 2020 година до неговото аспење во јуни 2021 година.

Посредник меѓу Столиќ и членовите на криминалната група бил Филип Голубовиќ, кој во текот на истрагата го признал делото, но не открил кому ги пренесувал информациите.

Според исказот на Голубовиќ, со инспекторот Столиќ се запознал во април 2019 година додека бил во притвор поради дрога. Столиќ бил полицаецот што го испрашувал Голубовиќ за исчезнувањето на Горан Михајловиќ, млад човек за кој се верува дека е една од жртвите на војната меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан, чиј огранок во Србија се смета за токму бандата Беливук-Миљковиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.