Во обидот за убиство жртва е 58-годишен Македонец кој и натаму се наоѓа во тешка здравствена состојба по нанесените повреди.

Полицијата во Малта е во потрага по Србин кој е осомничен за обидот за убиство во Бугиба на северот од Островот. Жртвата е 58-годишен Македонец кој и натаму се наоѓа во тешка здравствена состојба по нанесените повреди.

Како што наведува „TVM“, полицијата добила повик во понеделникот дека дошло до крвава пресметка, при што едно лице било избодено со нож.

Повредениот со тешки повреди влегол во болницата „Матер деи“, каде му била пружена лекарска помош, а потоа дошла и полицијата за да обезбеди повеќе информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.