Осумнаесет денови откако момчето од Сплит, Матеј Периш, исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 јануари, продолжува потрагата по него.

Голем дел од активностите за пронаоѓање на Матеј се одвиваат според претпоставки дека тој завршил во Сава или Дунав, а за интензивната потрага и за предизвиците што таа ги предизвикува, за ТВ Прва зборуваше нуркачот Срџан Весиќ, кој секојдневно е вклучен во барањето на исчезнатото момче.

Тој истакнува дека нуркачите се соочуваат со голем предизвик поради околностите на целиот случај и многуте дезинформации што се појавуваат во јавноста.

Не знаеме каде влегол во вода, не знаеме што бараме. Не знаеме ниту дали воопшто влегол во вода. Клучна работа е да знаеме каде да бараме. Практично е невозможно да се пребараат Сава и Дунав – вели Весиќ, алудирајќи на големото водено пространство.

Истовремено, Весиќ ги објаснува и тешкотиите што ги имаат нуркачите додека учествуваат во потрагата.

На вакви температури мора да се нурка со термо одело. Оптимално време на нуркање е од 30 до 60 минути, но нашите нуркачи одат со срце па издржуваат и до два часа. Видливоста е многу мала, па само половина час е малку време за детално да се истражи нешто – нагласува Весиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.