Словенечката Влада им нареди на надлежните служби до 5 декември да направат подготовки за масовно тестирање на населението, како и да подготват список на доброволци за вакцинација, објави словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер.

Според Јанша, одлуката е донесена врз основа на проценки на состојбата со епидемијата и во согласност со консултациите на европско ниво, објави агенцијата СТА.

Словачка беше прва во Европа што започна масовно тестирање на населението на почетокот на ноември. Досега се тестирани две третини од словачките граѓани, од кои еден процент се позитивни.

Од понеделник, и во Словенија ќе започне систематско тестирање на вработените во здравствените установи и домовите за стари лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.