Зоран Милановиќ денеска на пладне е инаугуриран во петти претседател на Република Хрватска. Во својот говор Милановиќ истакна дека нема намера да биде корективен, туку конструктивен фактор и порача дека ќе го вложи сето знаење во претседателскиот мандат и ќе им биде во корист на Хрватска и сите нејзини граѓани.

Милановиќ го заврши говорот со овие зборови:

Ова е куќа за нас. За сите нас. За нас кои сме тука, за генерациите кои доаѓаат и за оние кои ќе се вратат дома.

Ви благодарам. Да живее, да живее Република Хрватска!

Случајно или не, зборовите „ова е куќа за нас“, се идентични на стихот од познатата песна „Земја“ на култниот белградски бенд Екатарина Велика. „Земја“ е првата песна од албумот „Љубов“ кој е објавен во 1987 година и се смета за еден од најдобрите албуми на овие простори.

Покојниот фронтмен на ЕКВ, Милан Младеновиќ инаку е роден во Загреб, а во главниот град на Хрватска доби и улица со своето име.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.