Откако победи на локалните избори и стана најмладиот градоначалник на Загреб, сите очи во Хрватска се вперени кон Томислав Томашевиќ, но и кон неговата сопруга Ива Мертиќ. Оваа скромна двојка на млади интелектуалци се зависници од патувања, но се нашле и во еко-активизмот, пишува хрватскиот портал „Глориа“.

Ива(40) работи како инструкторка по јога, а завршила компаративна книжевност. Го запознала Томислав во 2008 година преку пријатели. Таа е вегетаријанец, а тој се труди да јаде помалку месо.

Кога Томислав им вели на новинарите дека неговиот работен ден трае од 8 наутро до 1, Ива додава: „Еден по полноќ“.

Еко-активисти, музичар, политиколог

Томашевиќ уште на 16 години почнал да оди по еко-протести. На 20 години се сели во Загреб и живее во разни маала, а на крајот го сменил и факултетот. Стигнувајќи до трета година, решил да почне одново и запишал политички науки.

Отсекогаш ме погодувале неправдите, чувствував емпатија кон луѓето на кои им е тешко и сметав дека ми е должност лошите работи да ги менувам со директна акција. И тоа ми стана начин на живот – вели тој.

Набрзо се зачленил во еко-организацијата Зелена акција, во која останал 14 години. Таму го сретнал познатиот патописец Давор Ростухар. Со него во средно имале панк-бенд под името „Main Switch“. Томислав по потекло е од Босна, а неговите родители по убедување се десничари.

Кембриџ и врската со Ива

За постдипломски Томашевиќ заминал за Кембриџ, но кога дошол таму знаел дека еден ден ќе се врати во Загреб. Во тоа време веќе бил во врска со Ива, а таа доаѓала да го посетува.

Во тоа време Ива живеела во Загреб со цимерите и кучето Бошко, кое го вдомила од улица. Денес сите тројца живеат во гарсоњера од 40 квадрати, после долго време живеење под кирија. Ги обожаваат Нетфликс и сериите на ХБО, а последна ја гледале „Круна“. Томислав најмногу ја сака серијата „Жица“.

Тие ја дале целата своја заштеда за подобро да го запознаат светот, а секогаш најмуваат домашни агенции за да ја заштитат хрватската економија. Медениот месец го минале на Непал, а две недели поминале на планината Анапурна, со намера да го преминат највисокиот превој на светот.

Заедно и зад решетки

Томашевиќ, како активист за социјална правда, протестирал против уништување на фабриката „Каменско“, против палењето отпад во Ресник, против приватизацијата на претпријатието „Чистота“… Во 2010 заедно со Ива завршиле во полициска станица со 150 други луѓе, што е рекорд во хрватската историја. Прозорците биле затворени сѐ дури еден од протестантите не се вклучил во живо на ХРТ од својот мобилен.

Тоа беше добар начин поминеме некое време заедно – се сеќава Ива Мертиќ.

Иако се вериле во 2015 година во Лисабон, свадбата била закажана година дена во вила на нивниот семеен имот во Копривница. Гостите можеле да ги донесат и своите домашни љубимци, а подароците биле строго забранети.

Преземено од „Глориа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.