Нови ограничувања од 15 јули ќе стапат на сила во соседна Грција.

Мерките веднаш предизвикаа незадоволство, но властите не отстапуваат, па доколку планирате во наредниот период да патувате во оваа земја, важно е да ги знаете следните информации:

– Од 15 јули кафулињата и рестораните ќе бидат отворени само со негативен тест или со потврда за вакцинација.

– Одредени установи ќе примаат само клиенти вакциниарни со две дози.

– Ако планирате да патувате со траект на некој од грчките острови, тоа ќе може да го направите само со потврда за вакцинација, негативен тест за PCR или брз антиген тест. Истата мерка важи и за деца над 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.