Од денеска во Црна Гора стапуваат на сила нови мерки против коронавирусот, пишува подгорички „Вијести“.

Од петок, 23 јули до понеделник 2 август, ноќните клубови и дискотеките се привремено забранети, и на отворено и на затворено.

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.

„Вијести“ дознава дека од 2 август 2021 година, престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде можен безусловно.

Фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на надворешните собири и музиката во живо во локалите. Доколку продолжи трендот на кршење на прописите, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.