Нови мерки на аеродромот во Атина за коронавирусот

Балкан 05.02.2020 / 9:49

Мерење на температурата со инфраред термометри на патниците и членовите на екипажот од одредени летови; информирање на патниците преку постери поставени на аеродромот и информативни летоци со сите потребни информации за здравствените услуги на кинески јазик се додатните мерки за коронавирусот што Националната организација за јавно здравје на Грција ги презема на атинскиот аеродром.

Од организацијата соопштуваат дека по наредба на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, се спроведува систем за активно набљудување на сите летови од Кина за откривање на сомнителни случаи на коронавирус, а паралелно се зајакнуваат мерките, меѓу кои и информирање на патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.