Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.973 нови случаи на заразени со корона вирусот, со што бројот на активни случаи се искачи на 19.275.

Меѓу нив 2.060 пациенти се на болничко лекување, од кои 235 на респиратор.

Во истиот период починале 45 лица, со што вкупниот број на жртви од корона вирусот во земјата се искачи на 1.398.

Досега во Хрватска од корона вирус се заразени вкупно 105.691 човек, а оздравеа 85.018. Тестирани се вкупно 683.104 лица, од кои 6.139 во последните 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.