Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забележани се три нови жртви на коронавирус, од кои две во Федерацијата БиХ, а една во Република Српска. Вкупниот број жртви во БиХ од почетокот на пандемијата порасна на 243 лица.

Во последните 24 часа во БиХ тестирани се 1811 примероци, а коронавирус е потврден кај уште 218 лица. Во Федерацијата БиХ се 122 новозаразени, а во Република Српска 96.

Вкупниот број на заразени во БиХ од почетокот на пандемијата со денешниот ден изнесува 7 800 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.