Познатиот јапонскки производител на автомобилски гуми, компанијата „Тојо тајрс“ гради фабрика од 382 милиони евра во Србија, јавија медиумите. Извршниот директор на „Тојо тајрс“ (Toyo Tires), Такаши Шимизу, на церемонијата на поставување камен темелник на фабриката за автомобилски гуми во Инџија, соседна Србија, изјави дека изградбата на таа фабрика ќе заврши до април 2022 година.

До 2023 година, фабриката во Инџија ќе произведува пет милиони пневматици Тојо годишно со околу 560 српски работници, рече тој, обраќајќи се онлајн на церемонијата на која присуствуваше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Внимателно ја баравме локацијата, конкуренцијата беше многу силна и најдовме совршено опкружување во Србија“, рече Шимизу.

Тој посочи дека фабриката во Инџија ќе снабдува пазари во Европа, Блискиот исток, Африка и Северна Америка.

Иако ова е осма фабрика на комоаниата ‘Тојо’, таа ќе игра многу важна улога во нашиот глобален синџир на снабдување“, нагласи тој.

Претседателот Вучиќ истакна дека фактот што Јапонија ги избра Инџија и Србија за изградба на нова фабрика за гуми на компанијата „Toyo tires“ е голема победа на оваа земја затоа што обезбеди инвестиција вредна 382 милиони евра.

Шимизу рече дека фабриката во Србија ќе ја користи најновата технологија и ќе произведува производи со највисок квалитет по најконкурентни цени, како и на енергетски ефикасен начин.

Нашата цел е да произведеме гуми, целосно во согласност со филозофијата на Toyo, што значи промовирање на локалниот економски раст и создавање нови работни места, истовремено намалувајќи ја емисијата на јаглерод и користејќи нови технологии. Нашиот план е да ја завршиме изградбата на фабриката во Србија до април 2022 година, кога треба да започне производството“, рече тој.

Тој додаде дека се многу задоволни што можат да отворат нови работни места и да го подобрат економскиот развој на Србија и Инџија.

Со нетрпение го очекуваме денот кога ќе можеме да ја посетиме Србија и да ви се придружиме во прославата на производството на нашата прва гума тука“, нагласи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.