Нов силен земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтерова скала ја погоди провинцијата Елазиг во источниот дел на Труција.

Земјотресот е регистриран во 19:30 часот по локално време.

Пред малку е регистиран нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од илјада се повредени во силниот земјотрес на истокот на Турција, каде спасувачите утринава ги извлекуваа првите жртви од урнатините.

Најмалку триесет луѓе се сѐ уште под урнатините по земјотресот со јачина од 6,8 по Ритер кој вчера околу 20:55 по локално време го погоди округот Сиврице, во покраината Елазиг.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе се преземат сите потребни мерки за да му се помогне на погодениот регион и дека таму испратл дел од министрите.

„Преку нашите институции, пред сѐ АФАД и Црвената полумесечина, присутни сме меѓу народот“, објави Ердоган на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.