Нешто пред 10 часот се почувствува земјотрес во областа на хрватското приморје и според првите податоци, тој бил 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Една жителка на Шибеник изјавила дека подот вибрирал и дека имало силен татнеж, но не може да каже дека се тресело.

ЕМСЦ исто така извести дека добил неколку извештаи за земјотреси. –

-Благи потреси биле забележани во регионот. Веројатно е локален земјотрес со мала јачина. Повеќе информации наскоро, објавија тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.