После катастрофалниот земјотрес во Албанија, тлото никако да се смири.

Утринава беа регистрирани два земјотреси во Албанија, еден со магнитуда од 2,5 степени по Рихтер, со епицентар 37 километри од Тирана во 12 часот и 19 минути, а претходниот во 10 часот и 58 минути кој беше со помала јачина од 2,1 степени по Рихтер.

Исто така два замјотреси беа забележани и во Грцја и тоа еден со јачина од 3,2 степени по рихтер, на длабочина од два километри, на 77 километри јужно од селото Гефири во 12 часот и 45 минути, а другиот беше пред два часа со јачина од 2,6 степени по Рихтер.

Земјотреси беа регистрирани и во Италија и Турција, но со помал интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.