Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, регистиран беше во Албанија во првите часови од Новата година.

Потресот бил во 3:53 часот во Јадранско Море со епицентар на 27 километри северо-западно од Драч на длабочина од 10 километри.

Албанија утрото на 26 ноември минатата година ја погоди катастрофален земjoтрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа 51 лице, повредени беа над илјада а без покрив над главата останаа неколку илјади.

Неофицијалната бројка на материјалната штета е околу милијарда евра.

Од првиот потрес до сега регистрирани се над 2.100 земјотреси со разлина јачина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.